Детските категории на ФК Каменица САСА со три пехари на завршниот турнир од Детската лига – Исток

Македонска Каменица, 23. Мај 2019 година – Минатиот викенд, стадионите во Македонска Каменица и Горни Подлог беа исполнети со богата фудбалска програма, дел од завршните турнири од Детската лига – Исток во повеќе категории од 2006/2011 година. Детските екипи на ФК Каменица Саса на овој завршен турнир, во трите натпреварувања по категорија освоија три пехари. Во 2006/07 се најдоа на второ место, додека во категориите 2008/09 и 2010/11 освоија трето место.

Учество на завршниот државен турнир кој ќе се одигра на терените на ФФМ во Скопје обезбедија екипите на ФК Каменица САСА од категориите 2006/07 и 2010/11. Ова е значаен успех за детските категории на каменичката екипа, бидејќи во оваа конкуренција се натпреваруваат екипи од целиот источен фудбалски регион, како Фудбал Старс и Кочани од Кочани, Младост Тошев од Оризари, Русиново од Берово, Слога 1934 од Виница и останати екипи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *