Денот ќе биде подолг – ги поместуваме стрелките на часовникот

Последната недела во март започнува летното сметање на времето. Во два часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се помрднат за еден час напред. Таа ноќ ќе имаме еден час помалку за спиење.

Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври.

Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На јужната полутопка почетокот на летното време е обратен од северната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *