Денес се навршуваат 60 години од смртта на Методи Андонов – Ченто (1902-1957)

На 24.Јули 1957г. после долго измачување и боледување починал Методи Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ.
Методи Андонов-Ченто, поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, исто така се именува и како прв официјален Претседател на Македонија.
Методи Андонов – Ченто е роден во Прилеп, на 17 август 1902 година.
Долги години по смртта, Методија Андонов – Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов – Ченто, е обновен судскиот процес против него и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година. На 22 октомври истата година, претседателот на Македонија постхумно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија“, орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и три реномирани македонски институции.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *