Денес Борец против САСА во Македонска Каменица ќе го одигра својот натпревар на годината

Македонска Каменица 19.05.2018 година – Денес со почеток од 16:30 часот, ФК Каменица САСА ќе одигра натпревар против екипата на ФК Борец од Велес, како дел од последното 27. Коло на Втората македонска фубалска лига, Сезона 2017/18. Натпреварот е без особена резултатска важност за каменичани, бидејќи тие уште пред две кола успеаа да го обезбедат својот опстанок во лигата, односно стануваат на седмата позиција, без разлика на исходот од денешниот натпревар.

За гостите пак, победата на денешниот натпревар значи обезбеден бараж-натпревар за влез во Првата македонска лига, доколку Брегалница се врати поразена од Струмица од натпреварот против лидерот на табелата и веќе официјален прволигаш Беласица.

Сепак, денес љубителите на фудбалот, ги очекува убав фудбал на градскиот стадион во Македонска Каменица. На верната публика и останува да се надева на добри временски услови и како што доликува со полни трибини да ги испратиме и поздравиме нашите фудбалски миленици на заслужениот второлигашки одмор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *