Денеска ќе заседава Комисијата за заразни болести, можна е забрана за веселби во затворен простор

Денеска ќе заседава Комисијата за заразни болести, можна е забрана за веселби во затворен простор

По благиот пораст на новозаразени со коронавирусот во Македонија и потврдените кластери од свадби и семејни веселби денеска е можно членовите на Комисијата за заразни болести да донесат одлука за забрана на веселби во затворен простор.

Здравствените власти уверуваат дека засега имаме мирно лето и дека нема потреба од рестрикции, но повторно се разгледува можноста за позасилени контроли на границите, за воведување на мерка за влез во земјава само со негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација.

Експерти во Македонија предупредуваат дека бројот на новозаразени може пак да почне да се зголемува, па затоа препорачуваат здравствените власти да вратат дел од рестриктивните мерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *