Претежно облачно со врнежи од дожд и со повремено засилен југоисточен ветер. Врнежите од изутрина ќе се преместуваат кон исток каде што ќе се пообилни и ќе завршуваат. Ваква е прогнозата на УХМР за денеска. Максималната температура во Дојран и во Гевгелија ќе достигне со 19 степени, во Штип – 18, Македонска Каменица и Скопје – 17, Битола – 16, Охрид – 15…
Утре времето треба да биде променливо облачно со повремен локален дожд и максимална температура од 14 до 20 степени, а в петок и в сабота се очекува сончево време со умерена облачност и со температури од 16 до 21 степен.