Делчевчанецот што ја запали плевната на комшијата се здоби со кривична пријава

42-годишниот С.М. жител на делчевското село Град, од денес е со кривична пријава од полицијата затоа што пред два месеца ја запалил плевната на комшијата.

Во пожарот, тогаш изгореа 15 тони луцерка , а до темел беше пеплосана и  плевната. Пожарот бил подметнат околу  два часот по полноќ а на пожарникарите им беа потребни околу два часа огнот да го локализираат, бидејќи во плевната бил сместен лесно запалив материјал. Ова било втор обид да се запали оваа плевна. Првиот обид за потпалување на плевната пред неколку месеци не бил успешен.

Според обвинението, делчевскиот пироман ќе одговара з акривично дело   „предизвикување општа опасност”.

Извор: Телевизија Стар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *