ДЕЛЧЕВО: ЧЕТИРИ ДЕЦА ИТНО ПРЕНЕСЕНИ НА ИНФЕКТИВНО ВО ШТИП

Четири деца и 42-годишна жена од Делчево завршија на штипско Инфективно. Поради влошена здравствена состојба, тие најпрво се обратиле во делчевската Брза помош. Сите делчевци имале идентични симптоми – гадење, повраќање, стомачни тегоби, покачена телесна температура и покачени леукоцити, па дежурните лекари се посомневале на труење и ги пратиле на дополнителни испитувања во Штип.

Се работи за четири деца – ученици во деветолетка во Делчево- две 13 годишни, едно 12 и едно 11 годишно дете и 42 годишна вработена во училиштето.

Засега, од Клиничката болница од Штип не соопштуваат каква е здравствената состојба на пациентите и повеќе детали најавија за утре.

Извор: СтарТВ Штип

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *