ДЕЛЧЕВО: ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА КАЈ ЅВЕГОРСКА РЕКА. ДВЕ ЛИЦА ИТНО ПРЕНЕСЕНИ ВО БОЛНИЦА

Искршени стакла и слупано возило под патот, сведочат за синоќешната тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Делчево – Граничен премин кај населбата Ѕвегорска Река. Билансот од сообраќајката, за среќа, книжи само телесни повреди кај две лица и материјална штета.

Според информацијата на СВР Штип, несреќата се случила  петнаесет минути пред 22 часот, кога патничко возило волво, со тројца патници од кои  возач од Делчево и двајца од Скопје, се судриле во патничко возило ауди, кое било паркирано на патот со укличени трепкачи. Од ударот, возилото е поместено од патот, додека ПВМ волво е доста оштетено, а двајцата сопатници од Скопје, се здобиле со телесни повреди и фрактури од кои , според констатациите од дежурниот лекар, едното лице е препратено на Клиниката за ортопедија и хирургија во Скопје.

СВР информира дека работат на утврдување на причините за оваа несреќа.

Инаку,  делчевци и синоќа останаа потресени од звукот на сирените од брзата помош.Според нив, главната причина за сообраќајнките е брзото возење.

  • Буквално летаат по улиците, пребрзо се води и не се внимава, велат анкетирани жители на Делчево.

Ова е втора несреќа за период од десетина дена во Делчево. Тогаш во истиот период од вечерта, само на другата страна на Делчево кај населбата Басарица, во тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа 4 возила, животот го загубија 2 лица, а 2 беа тешко повредени. Сето ова претставува доволен аларм и за возачите , но и за сообраќајната полиција за поголеми контроли и мерки за поголема безбедност во сообраќајот.

Извор: ТВ Стар Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *