Делчево: Пијан ја нападнал својата мајка и кршел се во домот

Момче од Делчево било уапсено откако под дејство на алкохол ја нападнало својата мајка и кршел инвентар во домот.

-Вчера во 21:55 часот, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода 27-годишниот К.Ѓ. од Делчево поради тоа што, под дејстов на алкохол, физички ја нападнал неговата мајка, ја кршел покуќнината во домот и се заканувал дека ќе ја убие неа и неговиот татко. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира МВР.

извор: Press24

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *