Делчево: “Коливо” како инспирација за синмање на краткометражен филм

Ова е сет од краткометражниот филм „Коливо“ кој го отсликува секојдневието на Дана чиј живот одеднаш се разоткрива, кога на традиционалното коливо ќе се појави нејзиниот поранешен љубовник Марко. Филмот се снимаше во делчевското село Град по сценарио и режија на Андреј Илиевски-Волкашин кој е по потеко од Град.

  • Пред една година кога требаше да одам за Шпанија, баба ми рече дека мора детето да го испратиме со коливо, да заколиме свинче, таков е адетот, и тогаш се собираат сите и е еден вид празник. Па тоа го искористив за заднина за филмот каде се обработува тема од секојдневието, изјави Андреј Илиевски – Волкашин.

Во филмот улогите ги толкуваат познати македонски актерски имиња.

  • Улогите ги толкуваат актерите Лабина Митевска, Јоана Поповска, Дејан Лилиќ, Симеон Дамевски, изјави Андреј Илиевски-Волкашин.

Но, меѓу нив и две девојчиња од Делчево на кои ова им е прво актерско искуство.

  • Ние глумиме немирни деца на едно селско семејство, изјави Ива Цоневска.

Краткометражниот филм премиерата ќе ја доживее на еден од реномираните филмски фестивали во Европа, по што ќе следуваат премиери во Македонија и Делчево.

Филмот се работи во копродукција помеѓу ВЕДА Филм Продакшнс од Македонија и Концепт Студио од Бугарија. Филмот е поддржан од страна на Агенцијата на филм на Република Македонија, Националниот Бугарски Филмски Центар и Општина Делчево и фирми од Делчево, Виница и Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *