10.XI.2017 (kamenica.mk)
Есенскиот џез караван може да почне! Оваа есен во Македонија ќе мириса на свежо ајварче, но и на добар македонски џез. На 10 ноември ќе се одржи првиот концерт организиран во рамки на манифестацијата Есенски џез караван по што следат Богданци, Пробиштип и Крушево. За почеток на караванот се резервирани младите, атрактивни и енергични Fierce и MusaIQ кои ќе настапат во Салата во Спомен домот АСНОМ во Делчево, со почеток во 20 часот. Музиката што MusaiQ ја креираат претставува легура од стилови поврзани со специфична нишка која всушност е срцето на овој состав. Македонскиот фолклор, како непресушна ризница на инспирација е поводот за издавање на првата обработка на познато македонско фолклорно дело (Со маки сум се родила), но не и рамка на движење или изведување на некаков протокол. Опусот на составот е многубоен колаж на жанрови, како што се издиференцираните карактеристики на самите членови. Самиот состав функционира околу 2 години, но индивидуалното портфолио на членовите врши и повеќе од израмнување на равенката за уметничко искуство.
Во овој интересен прогресивен бенд членуваат Калина Велковска – вокал , Петар Лукиќ – клавијатура , Иван Петровски – гитара , Никола Бочваров – бас и Александар Ванчовски – тапани. Fierce се дел од најмладата генерација македонски џез музичари кои енормно брзо ја освоија публиката. Нивниот звук се движи во границите на современиот џез вклучувајќи силни и иновативни рифови, ритмови и мелодии.
Имаат настапувано на реномирани фестивали и настани во и надвор од државата меѓу кои: Meѓународниот фестивал на јазикот под покровителство на Македонскиот Конзулат во Солун, Грција, Cinema Days international Festival – Скопје, МОТ – МКЦ, Скопје, Барбакан Jazz Festival, Култиватор – Скопје, Бруклински Jazz Викенд – Скопје, Skopje Guitar Festival (SGF) – Скопје, Бруклински џез фестивал (даб музика), 12 месечини на џезот (public room). Во бендот членуваат ierce го сочинуваат Горјан Стојменовски (гитара), Виктор Филиповски (тапани), Марко Василевски (контрабас), Борислав Веселинов (саксофон) и Сенад Усеин (труба). Fierce се моментално актуелни со нивниот прв албум.
Izvor: KanalPlus