Делови од Македонска Каменица без електрична енергија

Македонска Каменица, 04.04.2020 година – Во изминативе два часа, граѓани од Македонска Каменица пријавуваат за прекин во снабдувањето со електрична енергија во нивните домови. Станува збор за жители на делови од Стара Каменица кои не известија дека во последните два часа нивните домови се целосно исклучени од електричната мрежа, а во последниот половина час ја добиваат со прекини. Тие во своите јавувања изразуваат огромна загриженост и стравување од несакани дефекти кај електричните уреди за домаќинство.

Се надеваме дека дежурните екипи ќе реагираат кон санирање на проблемот со снабдувањето со електрична енергија и дека покрај активниот полициски час кој важи до утринските часови, проблемот ќе биде надминат во најкус можен временски период.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *