Девојчиња од Источна Македонија завршуваат како “бели робинки” ширум Европа

Пред парите и желбата за брза и голема заработка, човечноста се губи, па за да се заработи, за некои луѓе ништо не е свето – ни младоста ни невиноста.

Сето тоа паѓа пред алчноста која тргува и со она што не се смее – човечките судбини. Во овој ланец на криминал, не ретко девојчиња од македонскиот Исток завршуваат како „бели робинки“:

  • Околу три до четири девојчиња од овој регион годишно како жртви на трговија со луѓе завршувата во западниот дел на државата, истакна Снежана Санева , прет. на Ком. за еднакви можности.

Ова е официјалната бројка, но она црната е многу поголема, зашто потрагата по млади девојки има многу лица:

  • Овде спаѓаат и малолетничките бракови, па многу девојчиња одовде под ветување за брак со момче од богата и угледна фамилија се носат во западноевропските земји, каде завршуваат како “бели робинки“, рече Санева.

Најчести жртви на трговијата со луѓе се девојки кои доаѓаат од сиромашни и семејства со низок степен на едукација. Во случајов, тоа се припадници на ромската заедница:

  • Ние организиравме повеќе едукации, имавме бројни активности, но за жал состојбата на терен не се промени, рече Енисе Демирова, прет. на НВО Черења.

Според Интернационалната организација за миграции жртви околу две третини од жртвите на трговија со луѓе биле тргувани со цел принудна работа, додека останатите се со цел сексуална експлоатација.

Околу 13 отсто од вкупниот број на жртви на трговија со луѓе се деца чија просечна возраст е 11 години.

Извор: СтарТВ – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *