Девојките од Баскет-Кам му одржаа лекција на фаворизираниот Вардар

Македонска Каменица 10. Мај 2018 година – Како дел од разигрувањата и борбата за пласман во Ф4 од младинската кошаркарска лига во М-18 категорија, вчера во спортската сала во Македонска Каменица, екипата на ЖКК Баскет Кам ја победи фаворизираната екипа на скопски ЖКК Вардар со 54:41.

Во текот на натпреварот девојките од Каменица целосно ја имаа контролата над играта и резултатот. Најуспешни поединки на теренот од каменичките девојки и овој пат беше Бојана Попова со 24 поени, а Елена Ангеловска и Моника Зафировска постигнаа по 12 поени.

По завршувањето на овој натпревар екипата на ЖКК Баскет Кам е дел од Ф4 разигрувањето, додека екипата на ЖКК Вардар како 5-то пласирана екипа не успеа да обезбеди пласман во завршниот турнир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *