Девојките на ЖФК Каменица САСА му приредија “петарда” на ЖФК Борец во Велес

Македонска Каменица 25.11.2018 година – Заврши дванаесетото коло од Првата фудбалска лига на Македонија (жени).
Во Велес, екипите на ЖФК Борец Велес и ЖФК Каменица Саса одираа натпревар кој на девојките од Каменица им донесе нови три бодови на резултатското салдо.
На натпреварот кој заврши со 0:5 за ЖФК Каменица Саса, по два гола во мрежата на Борец постигнаа Дајана Ристовска и Мила Талевска, додека Ана Димитровска постигна еден гол.

Екипата на ЖФК Каменица Саса по 12 одиграни кола, се наоѓа на шестото место од табелата на Првата македонска фудбалска лига на Македонија, со освоени 21 бод. Во наредното 13. Коло, екипата на ЖФК Каменица САСА ја пречекува четвртопласираната екипа на ЖФК Тетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *