Дебата по нацрт амандманите на Уставот во Штип

Премиерот на Р. Македонија, градоначалниците од источниот регион, универзитетски професори, интелектуалци и граѓани дебатираа во Штип, по однос нацрт амандманите за измени на Уставот. Јавностa најмногу стравува дека со уставните измени може да се изгуби идентитетот, па затоа судијката Цаца Николовска предлага идентитетот да не биде поврзан со историското и културното наследство. 

– Имаме Републиката го штити, гарантира и негува идентитетот, што е широка лепеза на особености и историското и културно наследство на македонскиот народ е нешто кое е дел од идентитетот, меѓутоа не мора да е само тоа-изјавиМаргарита Цаца николовска, Уставен судија. 

Во однос на јазикот, Премиерот уверува дека не постои анекс на договорот, за што е во постојана комуникација со Ципрас и вели дека за такво нешто не е разговарано.

– Факт е дека во договорот стои македонски јазик, факт е дека е дел од јужно словенската група на јазици и тоа е нешто кое е прифатливо и е дел од договорот, како што е и факт дека ние ќе бидеме Република Северна Македонија-изјави Зоран Заев, премиер на Р.М

Во преамбулата, наместо прогласот на првото заседание на АСНОМ, како поопортуно и посоодветно решение се предлага да стои одлуки или акти на АСНОМ кои се однесуваат на конституирање и удирање на темелите на македонската држава, без да се навлегува во содржината на истите, кои се општо познати и достапни, зашто на тој начин само се оптоварува текстот на Уставот. 

– Токму овие амандмани, кои се вкупно 4 и кое се сосема кратки и сосема јасни, кажуваат дека ништо важно и ништо драматично не се менува во нашиот Устав-изјави Ѓорѓи Спасов, универзитетски професор.  

Заев уште еднаш потенцираше дека сите уставни измени ќе „паднат во вода“ доколку Грција не го ратификува договорот од Преспа.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *