Две победи и пораз за ФК Каменица САСА во Детските лиги – Исток

Минатиот викенд детските екипи на ФК Каменица САСА против ФК Академија Тошев од с.Оризари, го одиграа првото коло од Детската фудбалска лига – Исток. Се одиграа вкупно три меча според генерациските категории на натпреварување, а беа постигнати следниве резултати:
2005/06: ФК Академија Тошев  (6;3)  ФК Каменица САСА
2007/08: ФК Академија Тошев  (0:3)  ФК Каменица САСА
2009/10: ФК Академија Тошев  (0:2)  ФК Каменица САСА

Овие две победи и еден пораз од првото коло за екипата на ФК Каменица САСА се сметаат за голем успех на стартот од новата сезона. Самиот факт дека годинава каменичани се натпреваруваат во Бтората фудбалска лига и кај најмалите фубалери, децата, предизвикот и желбата се на многу повисоко ниво од минатите години, кога и условите за работа беа многу потешки од сега.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *