„Две од две“ победи на гости за екипите на „Баскет Кам“

Во рамки на 5. Коло од Втората македонска кошаркарска лига, екипата на КК Баскет Кам гостуваше во Куманово, каде одигра одличен натпревар против Милановски – Куманово.

Огромната победа на каменичкиот клуб од 77 : 100 поени беше резултат на одличната тимска игра и незапирливиот на теренот, Александар Тодоровски. Со постигнати 33 поени Тодоровски успеа да внесе нервоза кај противникот, а сигурност кај своите соиграчи. Дарко Гоцевски постигна 18 поени, а Роберт Стојанов 17 поени.

Во петок, младинската екипа М-18 категорија на ЖКК Баскет Кам гостуваше во Скопје. Четвртото коло од младинската лига го одигра против Пантери Скопје, каде успеа да победи со високи 32 : 67. Повторно маестрален натпревар на Моника Зафировска со 30 постигнати поени, како и на натпреварот од минатото коло на домашен терен. ЖКК Баскет Кам со четири победи на четирите одиграни натпревари е прва на табелата од ова државно младинско натпреварување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *