Две лица од Кочани загинаа во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

На 07.12.2018 година во 14,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес во атарот на с.Сопот, патничко моторно возило „Рено Меган“ со кочански регистерски таблици, управувано од Г.Б.(35) од Кочани, излетало од коловозот.

На местото на настанот починале возачот и сопатникот Д.М.(36) од Кочани. Извршен е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телата биле предадени во Институтот за судска медицина за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *