ДВЕ ЖРТВИ ВО ДВЕ СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ ВО БЛИЗИНА НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Две жртви во две сообракајки во период од четири часа денеска се случија во близина на Македонска Каменица. Во 10 и 45 на патот Истибања – Македонска Каменица во близина на рибникот Саваро, како последица од излетување од патот, поради неприлагодена брзина на влажниот коловоз, во товарно моторно возило Махиндра, животот го загубил 51 годишен жител од селото Облешево. Само неколку часа подоцна, околу 14:00 часот на излезот од Македонска Каменица кон Тачовско маало, на патот што води кон село Цера, од засега неутврдени причини дошло до директен судир помегу Форд со каменичка регистрација и Фолксваген Поло со скопски регистарски ознаки. На лице место, од силниот удар загинала сопатничката во Полото, 75 годишната Д.К. од Македонска Каменица,а нејзиниот 55 годишен син се здобил со телесни повреди. Увидот на местото на трагедијата, од полициска екипа на Крим техника и дежурен јавен обвинител е во тек. Засега нема информации за здравствената состојба на лицето кое го управувало Фордот.
Извор: Телевизија Стар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *