Два шумски пожари во Кочанско: Зафатени околу половина хектар багремова и зимзелена шума

Со брза и ефикасна интервенција на екипи од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Кочани утрово се локализирани шумски пожари што избувнаа на две различни локации во подножјето на Осоговските Планини.

Огнената стихија што била забележана во неделата попладне во близина на селото Бели, зафатила околу три хектари букова и нискостеблеста шума која целосно е изгорена, а по неколкучасовна интервенција, доцна изутрината пожарникарите успеале да го спречат понатамошното ширење на пламенот.

„Вториот пожар беше регистриран рано изутринава во атарот на планинското село Припор, при што кога стигнавме на местото за интервенција, огнот веќе имаше зафатено околу половина хектар багремова, но и зимзелена шума. Интервениравме со две возила и пожарот е локализиран, а со оглед што овој дел од шумскиот појас е под надлежност на шумското стопанство „Осогово”, побаравме поддршка и од нивна страна“, информираа од ТППЕ – Кочани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *