Даниела Митревска од општина Македонска Каменица дневниците за службени патувања ќе ги донира во хуманитарни цели

Со јавна објава на социјалните медиуми, Даниела Митревска од општина Македонска Каменица се откажа од дневниците кои и следуваат за службени патувања во државата и странство. Сите овие финансиски средства ќе бидат донирани за лица кои во периодот на исплата на дневниците ќе имаат потреба од медицинско лекување.

Во продолжение е интегралниот текст од објавата:

Јас, Даниела Митревска, вработена во општина Македонска Каменица, на работно место Советник за управување и координирање со човечки ресурси, бев избрана и поканета да учествувам во тренинг-програма за „Интегритет на државните службеници“ во Хаг, Холандија. Издатоците за сместување, исхрана и превоз беа обезбедени од Министерството за надворешни работи на Холандија.

Имајки ги во предвид законските обврски од член 4 и член 5 од Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци (,,Службен весник на Република Македонија” бр.50/00, 64/01, 110/08, 82/10, 12/12, 5/13, 1/14, 90/14) и Решение за највисоките износи на дневници за службени патувања и селидби во странство, трошоци што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци (,,Службен весник на Република Македонија”бр.19/14), Општина Македонска Каменица има законска обврска да исплати парични средства за дневници за службено патување во износ од 216 ЕВРА.
Откако Општина Македонска Каменица ке ги исплати овие парични средства, изјавувам дека од моја страна во целост ке бидат донирани како хуманитарен прилог на некое семејството, на кое во тој момент ке му бидат потребни за медицинско лекување.
Целта на оваа објава не е да се истакне мојата хумана природа, туку да се даде мотивација за следење на овој пример од сите јавни функционери и вработени во државната администрација, за да ги донираат во хуманитарни цели дневниците за службени патувања од земјата и странство. Ова од причина што цврсто верувам дека бенeфитот од секоја посета на обука, семинар, конференција и слично, треба да биде стекнатото знаење, а не финансискиот бенeфит од службените дневници.

Секој од нас може да придонесе за подобро општество.

Think globally, Act locally.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *