Дали сестрата е “должна” да се откаже од наследството во име на братот?

 
05.XI.2017 (kamenica.mk)
Во време на родова рамноправност сеуште има случаи сестрата да се откаже од наследството и да го подари на братот. Во руралните средини мотив за ова е да се одржи традицијата која трае со векови, а во градовите истата оваа традиција се продолжува од други побуди.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: ГОЛЕМА РАСПРОДАЖБА: Купете кола за 1.100 евра!

Најчеста причина поради која сестрите се откажуваат од својот дел и му го препуштаат на братот е нивната добра финансиска состојба, а ако тоа не е случај и ако го прифатат браќата знаат да бидат прилично сурови кон своите сестри. Многу често мајките бараат од своите ќерки да се откажат од наследството во корист на братот затоа што „добро се омажиле“ или имаат поплатена работа.
-Иако учесниците во наследството се рамноправни според Законот, многу често сестрите се откажуваат затоа што родителите и фамилијата им вршат притисок дека треба да постапат така. Пракса е и сестрите да го прифатат својот дел, па потоа да му го подарат на братот.
-Сум имал многу ситуации во кои сестрата е омажена и замината во странство, па семејството смета дека таа треба да се откаже од својот дел и да го даде на братот. Има и случаи во кои браќата им се закануваат на сестрите за да се откажат од својот дел, а тие закани ги поддржуваат другите членови на семејството. Јас на своите клиентки секогаш им советувам да не потпаѓаат под вакви притисоци и да не се откажуваат од она што им следува – раскажува еден адвокат.
 
Во тек на оставинската постапка многу често браќата се осудуваат и да го прекршат Законот и се спремни на се за парче земја. Така се доведуваат во ситуација да се откажат од своите сестри по смртта на родителите и да се прават дека тие не постојат. Нема да пријават дека имаат сестра или сестри, бидејќи сметаат дека само тие го заслужуваат наследството. За чиста корист и полагоден живот ги оставаат своите сестри без кров над главата, само затоа што се женски род!
Извор: vrabotuvanje.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *