Дали поскапува полагањето за возачка дозвола?

Дел од авто школите веќе ги поскапеа цените за услугите кои тие ги нудат, додека дел работат по стари цени, но не уште долго.

Имено, од 01.12.2021 година цената на обуката ќе се покачи за 30%, односно кандидатите кои ќе сакаат да дојдат до возачка дозвола и ќе уплатат часови пред овој датум ќе платат по стара цена, 20.000 денари, цена која горе долу варира зависно од авто школата која ќе ја одберете.

Причината за ваквото поскапување е покачувањето на цените на основните ресури за работа во оваа дејност, односно покачување на горивата од 48%, известуваат дел од авто школите.

Освен часовите кои ги зема секој кандидат пред да полага тестови, а потоа полигон и градска, авто школите најавуваат и поскапување на услугите како што се земање на дополнителен час, па така наместо досегашните 500 денари кои кандидатите ги плаќаа со поскапувањето се очекува оваа цена да се движи од 600 до 750 денари за школски час од 45 минути.

Поскапување се очекува и за користењето на возило од авто школата, стара цена на оваа услуга беше 700 денари, потоа се покачи на 800 денари, додека во дел од авто школите за истата услуга се наплаќа и 1000 денари, а со новото поскапување се очекува да достигне до 1200 денари.

Авто школите пакетот од земање часови, како и теоретска настава засега го наплатуваат околу 19.400 денари, додека авто школите од помалите градови веќе почнаа да работат по нова цена од 25.000 денари за Б категорија, иако во Скопје сеуште за оваа услуга се наплаќа по стара цена, дел веќе и ја зголемуваат истата. Цените за тестови, полигон како и полагање на градско возење остануваат непроменети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *