Дали имаше пенал – мафија, кражба или ништо спорно?

Контровернзиот пенал кој беше досуден синоќа за Реал Мадрид против Јувентус го подели фудбалскиот свет и денес е главна тема во сите медиуми.

Италијанците тврдат дека е направена неправда и го обвинуваат судијата, Каталонците тврдат дека е направена „кражба на векот“, а за мадридските медиуми нема ништо спорно „беше пенал“.

Сите италијанските медиуми пеналот го доживеаа како кражба, Буфон го обвини судијата Оливер дека е „ѓубре од човек“, а претседателот на „старата дама“ го обвини Колина, кој е претседател на Судиската организација.

Каталонските медиуми не пропуштија шанса да потенцираат дека Реал секогаш е потпомогнат од судиите, па каталонски „Спорт“ целата ситуација ја нарече „кражба на столетието“.

Фудбалскиот свет бурно реагираше на тоа што се случи во последните минути на „Сантиаго Бернабеу“.
Гари Линекер го обвини судијата Оливер дека со црвениот картон за Буфон едноставно го „убил Бамби“, додека легендарниот голман Чилаверт беше жесток и го нарече Реал фудбалска мафија.

José Luis Chilavert

@JoseLChilavert_

La mafia del fútbol lo deja fuera a la Juventus.

За мадридските медиуми нема ништо спорно. „Марка“ денес излезе со насловна страна на која со големи букви пишува „Беше пенал“.

Главните актери, Лукас Васкез и Кристиано Роналдо исто така немаат дилеми и тврдат дека пеналот бил чист како солза.

Миралем Пјаниќ тврди дека станува збор за најголема срамота во фудбалот, Киелиниалудираше дека судијата бил платеник.

Мислењата секако се поделени, полемиките ќе траат уште долго, но на крај Реал е во полуфиналето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *