Граѓани од Македонска Каменица со предупредувања на Facebook за расфрлан отров против кучиња скитници

Македонска Каменица, 03.10.2020 година – Граѓани преку фејсбук статуси сведочат за расфрлан отров во градското подрачје на Македонска Каменица. Во текстот од фејсбук статусот, наша сограѓанка ги предупредува граѓаните за внимание кон своите миленици поради можност од затровување на истите. Како што се наведува во текстот, отровот е расфрлан во текот на изминатата ноќ или во раните утрински часови.

Сите пријави и јавни објави на социјалните мрежи од граѓаните за оваа појава, ќе бидат презентирани во јавноста. Се надеваме дека надлежните органи, по основ на ваквите пријави соодветно ќе реагираат и ќе бидат преземени сите неопходни мерки за заштита на животните, здравјето на граѓаните како и за проверка на точноста на изнесените факти на социјалните мрежи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *