Граѓаните сами ќе одлучат дали ќе има или не новогодишна прослава во Македонска Каменица

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, а во духот на градење транспарентна општина, ЕЛС Македонска Каменица ќе им овозможи на граѓаните да изберат дали ќе има или не новогодишна прослава на Градскиот плоштад.

Моментално, во локалната самоуправа постојат две размислувања – да се продолжи со традиционалната новогодишна прослава на Градскиот плоштад во Македонска Каменица или пак, средствата кои се одвојуваат за оваа намена да бидат пренаменети за социјални пакети за повеќе ранливи категории на граѓани.

Оваа дилема ќе биде решена преку онлајн анкета на која граѓаните ќе имаат можност да го искажат своето мислење, а нивниот избор ќе биде прифатен од Општината. Доколку каменичани одлучат да нема традиционален новогодишен дочек, Општината во соработка со ООУ „Св. Кирил и Методиј“, СОУ „Миле Јаневски Џингар“ и ЈОУДГ „Бамби“ ќе организира целодневна програма на која ќе настапат дечињата и учениците од Македонска Каменица

Интенцијата на општина Македонска Каменица е локалните жители да бидат активно вклучени при донесувањето на сите поважни општински одлуки, со што ќе се придонесе за градење на транспарентна и услужна општина и ќе се зголеми довербата на граѓаните во локалните установи и институции.

АНКЕТАТА НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Е НА СЛЕДНИОВ ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *