Граѓаните од „8-ми Септември“ и градоначалникот Соња Стаменкова заедно го договорија уредувањето на јавниот простор околу нивните живеалишта

Македонска Каменица, 09.07.2018 година – По завршувањето на улицата Пере Тошев, општина Македонска Каменица започна со асфалтирање на улицата „8-ми Септември“, поранешна „4-ти Јули“. Станува збор за улица со должина од 200 метри и 4,5 метри ширина. Фирма изведувач на активностите е Стоименов ДООЕЛ од Кочани.

При финализирањето на активностите околу улицата, градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова оствари средба со жителите од улица „8-ми Септември“, при што беше договорено на кој начин ќе биде уреден јавниот простор и заедничките корисни површини околу нивните колективни и индивудуални живеалишта. На местото од досегашните дотраени индивидуални гаражни простори, граѓаните ќе добијат модерен паркинг со поголем број на уредни паркинг места. Ќе биде поставена и додатна урбана опрема, со цел задоволување на потребите и барањата на граѓаните од овој дел на градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *