Граѓаните на Македонска Каменица утре на Магилката ќе го чествуваат големиот христијански празник „Света Троица“

По повод утрешниот голем христијански празник Света Троица (Педесетница – Духовден), на Магилката во Македонска Каменица ќе се одржи традиционалниот народен собир со делење на благословен ручек за здравје на населението.
Благословувањето и делењето на ручекот за здравје ќе започне во 15:00 часот.
Сите наши сограѓани и добронамерници, може да повелат на „Магилката“ и заедно, во едно убаво неделно попладне, да го одбележиме христијанскиот празник Света Троица.
Исто така, сите помагатели во обновата на објектот и уредувањето на просторот на „Магилката“, се поканети и добредојдени на утрешниот народен собир.
Ве очекуваме!
За многу години празникот браќа и сестри христијани!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *