ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ПРИДРЖУВААТ ДО ПОСЕБНИОТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВОВЕДЕН ЗА ПЕРИОДОТ ОД „КАМЕНИЧКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО 2022“

Граѓаните да се придржуваат до сообраќајниот режим воведен за периодот од “Каменичко културно лето 2022“

Македонска Каменица 25.08.2022 година- Општина Македонска Каменица ги известува жителите дека поради претстојното “Каменичко културно лето 2022” во периодот од 26-ти до 28-ми август, од страна на МВР ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во центарот на градот и на приодите кон Македонска Каменица.

Во понатамошниот текст на известувањето, од Општината ги замолуваатг раѓаните своите возила да ги паркираат во своите дворови, гаражи или на уредените паркинг простори во градот. Да се однесуваат согласно наредбите и вонредните прописи наложени од службените лица за јавен ред и мир, со цел непречено одвивање на зголемениот сообраќај во наведениот период од една, и заштита од несакани штети на возилата на граѓаните од друга страна.

Општина Македонска Каменица упатува огромна благодарност за соработката и разбирањето до граѓаните, со апел и надеж дека сите заедно, можеме да придонесеме, претстојното “Каменичко културно лето 2022” биде најубаво организиран културен настан во Македонија и пошироко во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *