Град со големина на јајце го уништи родот на вишни во Делчево

Град со големина на јајце синоќа во Делчевско ја уништи земјоделската мака. Вишновите насади кои се спасија од мразот, пред бербата ги докусури градот. Најмногу настрадаа овошните насади кај делчевско Тработивиште, Вирче, Град, но и на Петрашевец.

  • Најголеми штети направи во петрашевец каде ние очекувавме 250 тони вишни сега оштетувањето овде е околу 70- 80%. Во атарот на Тработивиште се штети до 50% на површина од 25 хектари Во атарот на Вирички преод оштетувањето е дур до 90 %, изјави Мирко Гоцевски инж.агроном во Рудние ММ.

Во регионот каде годишно се берат над 2 илјади тони вишни, пролетните мразеви го преполовија родот, а сега градот ја фрли вишната во калта, а штети има и кај насадите со сливи.

  • Овие што се останати ќе с еобидеме од утре д а ги собере оти ќе скапат и можат само да се користат за сокови, изјави Мирко Гоцевски, инж.агроном Рудине ММ.

И граднарските култури синоќа претрпеа големи штети. Најмногу настрада полето во Тработивиште

  • Јас не паметам такво невреме. 30-40 години, врнеше 45 мин град со големина на јајце се уништи, грав, царевка..рече жител на село Тработивиште.

Овие земјоделци сега чекаат обештетување и од пролетните мразеви и од градот

  • Чекаме обештетување д а формираат комисии. На другите во државава даваат обештетување, а кај нас овде за ништо пролетта мразот ни собра сливите, изјави жител на Тработивиште.

Од ПЕ на Минстертсвото за земјоделство потврдуваат дека има евидентни штети од синоќешното невреме, но дали ќе има обештетување одлуката ја носи Министерството.  Но и оваа година, многу малку земјоделци си го осиграле родот од град.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *