Градоначалничката Стаменкова и претставници на МЖСПП во посета на Чачак, Република Србија

Чачак, 02. 07.2019 година – Претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и градоначалници од Источниот и Североисточниот регион на Македонија, помеѓу кои и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова беа примени од Милун Тодоровиќ, градоначалник на Чачак, Република Србија.

Цел на посетата е запознавање со искуствата на Чачак во воспоставувањето на регионалниот центар за управување со комуналниот отпад и примена на истите при имплементирањето на системите во овие региони од нашата земја.

Посетата и разговорите околу искуствата на Чачак, како општина која го поседува најголемиот систем за примарна селекција на комунален  отпад во соседна Србија ќе бидат искористени во решавањето на проблемите со екологијата. На разговорите покрај утврдените проблеми со кои се соочува источниот и североситочниот регион од земјата, беше истакнато дека во тек е изработка на проектна документација за изградба на  регионална депонија. Изградбата на регионалната депонија е планирана со средства од ИПА фондовите, треба да започне до крајот на 2019 година.

Од страна на нашата делаегација беше истакнато дека Владата на Република Северна Македонија посеветува огромно внимание на еколошките проблеми на целата територија од земјата и настојува за нивно што поскоро решавање и подобрување на условите за негово селектирање и управување со истиот.

Како заеднички заклучок од дводневната посета на Чачак, произлезе фактот дека Европската унија инсистира на решавање на проблемите и управувањето со комуналниот отпад и во двете земји подеднакво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *