Градоначалничката Стаменкова ги прими учениците кои добија општински стипендии

Денес, во општинската Сала за состаноци беа примени учениците кои добија стипендија од општина Македонска Каменица. На денешниот прием кај градоначалничката Соња Стаменкова тие ги потпишаа и договорите за стипендија и по комплетното завршување на постапката, стипендиите ќе бидат исплатени.

„Чест ми е што денес сме домаќини на сите овие особено талентирани ученици кои ќе бидат стипендирани од општина Македонска Каменица, особено поради фактот што го зголемивме и бројот и износот на месечните стипендии. Верувам дека нашата поддршка ќе им биде од огромна корист и дека сите тие ќе продолжат по истиот пат и нивните успеси во образовниот процес ќе продолжат. Општина Македонска Каменица ќе продолжи да инвестира во подобрување на квалитетот на образованието и со поддршката и на учениците и на наставниот кадар, а се надевам дека веќе од претстојната година ќе имаме можност за дополнително зголемување на бројот на стипендираните ученици и студенти. Ние ќе вложуваме во нив, затоа што сме свесни дека тие се нашата иднина и дека тие може да допринесат за развој на Македонска Каменица“ – изјави Соња Стаменкова, градоначалник на општина Македонска Каменица.

Инаку, општина Македонска Каменица годинава доделува вкупно 20 стипендии за ученици и студенти, а месечниот износ на стипендијата изнесува 3.000 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *