Градоначалничката Стаменкова ги посети дежурните служби во новогодишната ноќ

Македонска Каменица, 31.12.2018 година – Градоначалничката Соња Стаменкова и генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној во пресрет на дочекот на Новата 2019 година, ги посетија вработените во дежурните служби на полицијата, здравствениот дом и противпожарната станица во општина Македонска Каменица.
При посетата на дежурните служби, градоначалничката Соња Стаменкова и генералниот директор Олег Телној се заблагодарија за нивната ангажираност во текот на „најлудата ноќ“ и нивната постојана посветеност и професионалност во работата. На вработените им посакаа многу здравје, мир и благосостојба на нив и нивните семејства, при што им поделија и пригодни новогодишни подароци.

Во текот на предновогодишниот период од страна на општина Македонска Каменица и Рудник САСА, оваа година вкупно се поделени над 2000 пакети за дечињата од детската градинка Бамби, учениците во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, СОУ „Миле Јаневски Џингар“, лицата со посебни потреби во Дневниот центар, голем број на социјални пакети, пакети за вработените и други.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *