Градоначалничката Стаменкова ги посети првите новороденчиња во 2019 година

Македонска Каменица, 14.01.2018 година – Денес, градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова ги посети семејствата на родени на 1-ви Јануари во Новата 2019 година. 

Упатувајќи им честитки на семејствата, со желби за долг живот, добро здравје и многу среќа градоначалничката Стаменкова на новороденчињата им врачи вредносни чекови во износ од 10.000,00 денари, односно 20.000,00 денари за првороденото дете.

Општина Македонска Каменица, оваа година уште на 1-ви Јануари доби три прекрасни девојчиња. Малата Инес Караѓозова е родена неколку минути пред 02 часот, како второто дете во државата оваа година. Јована Здравковска е второ бебе родено во Општината, а прво во штипската болница и целиот источен регион, додека Андреа е родена во попладневните часови на 1-ви Јанувари, во кочанската болница.

Минатата година општина Македонска Каменица на чело со градоначалничката Соња Стаменкова, донесе нова Програма за новороденчиња, со која износот на средства од 10.000,00 денари е зголемен на 20.000,00 денари за првородено дете во годината, односно 10.000,00 за секое новороденче, наместо поранешните 6.000,00 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *