Градоначалничката Соња Стаменкова упати честитка до граѓаните по повод Денот на независноста

Македонска Каменица, 08.09.2020 година – Градоначалничката на општина Македонска Каменица по повод 8 Септември – Денот на независноста упати писмена честитка до граѓаните во која се вели:

Почитувани граѓани,

Во мое лично име и во име на Советот на општина Македонска Каменица, ми претставува особена чест и задоволство да Ви го честитам 8-ми септември – Денот на независноста. Денот кога пред 29 години граѓаните го остварија стремежот и го трасираа патот кон независна, демократска, самостојна, суверена и слободна Македонија.

Денес сме држава која забрзано и демократски чекори на патот кон меѓународните интеграции градејќи добри односи со соседните држави и со својот мултиетнички успешен модел за соживот.

Посветени кон остварување на нашата европска и евроатлантска иднина, отворени кон светот ја правиме нашата татковина меѓународно призната и почитувана.

На сите граѓани, им го честитам 8-ми септември Денот на Независноста со искрени желби за мир, благосостојба, просперитет и подобра иднина.

Со почит,
Соња Стаменкова
Градоначалник на општина Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *