Градоначалниците од Истокот договорија изградба на регионална депонија

Македонска Каменица, 18.12.2018 година – Градоначалниците од Регионот денес се договараа за новата депонија која треба да се гради кај светиниколско Мечкуевци. Постапката за изградба на ова депонија се води неколку години наназад и сега работите се дојдени во завршна фаза:

„Најважно сега е да се формираат регионалните тела“, кажа  Живка Милошевска, координатор на регионална депонија.

Сепак, иако се ветува дека депонијата нема да биде опасност за животната средина, светиниколци на неа не гледаат со радост. Ова особено се однесува на земјоделците кои се во страв дека депонијата ќе им го уништи производтсвото.

За поделени мислења и незадовоплни да нема, во тек се средби со сите засегнати страни:

„Мора на сите да им се објасни јасно и транспарентно што и како ќе се случува овде, зашто сите патишта до депонијата водат преку Свети Николе и ние сме најзасегнати“, кажа Сашо Велковски, градоначалник на о. Св. Николе.

Општините проектот за регионална депонија го почнаа пред девет години со финансиска помош од Европската унија.

Избрана е локацијата кај Мечкуевци зашто овде има слободни пасишта и не се користат за земјоделие, а нема населби во радиус од 2 километри.

Изградбата на регионалната депонија заисточниот , севетоисточниот регоин и Свети Николе ќе чини над 30 милиони евра иистата ќе се гради  со европски пари. Крајниотрок за отварање на регионална депонија е 2022 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *