Градоначалникот Соња Стаменкова се сретна со претставници и членови на ХОГ „Бели гулаби“

Во рамки на редовните активности, градоначалникот на општина Македонска Каменица оствари средба со претставници и членови на здружението „Бели Гулаби“. На средбата се разговараше за интензивирање на соработката, а беа разгледани и сите можности за поддршка на лицата со посебни потреби и создавање подобри услови за нивна полесна интеграција во општествениот живот.

Меѓу другото, на оваа средба ставен беше акцент на одбележувањето на 3-ти декември-Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, како и на забрзување на активностите за отварање на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица.

извор: makedonskakamenica.gov.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *