Градоначалникот Соња Стаменкова приредува свечен коктел и прием за лицата со посебни потреби од Македонска Каменица

02.XII.2017 kamenica.mk

По повод 03. Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова организира свечен коктел и прием на лицата со посебни потреби од Македонска Каменица. Коктелот ќе се одржи во понеделник, со почеток од 11:00 часот во просториите на општина Македонска Каменица (Сала за состаноци).


Во Република Македонија се проценува дека 10% или околу 200 000 жители се лица со инвалидитет. Социјалната заштита на лицата со посебни потреби има значајно место во секое организирано општество, не само од социјален и хуманитарен аспект, туку и од економски причини. Иако на лицата со инвалидност им припаѓаат сите права коишто се загарантирани и со универзалните документи усвоени под закрила на ООН, тие се уште се среќаваат со голем број на препреки во нивното остварување. Затоа општина Македонска Каменица во иднина се обврзува на посебен пристап и третман според потребите на оваа категорија граѓани, со цел обезбедување на услови за нивно нормално живеење, бидејќи овие лица денес тешко можат самостојно да си обезбедат соодветна здравствена и социјална заштита.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *