Градоначалникот Соња Стаменкова приреди свечен коктел за лицата со посебни потреби

04.XII.kamenica.mk

По повод 3ти декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби градоначалникот на општина Македонска Каменица – Соња Стаменкова, денeс во општинските простории, со почеток во 11 часот приреди прием и свечен коктел за лицата со посебни потреби.

„Вие не сте лица со посебни потреби, туку лица со посебни способности“  – силна порака со која им се обрати градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова на оваа група граѓани која меѓу другото напомена дека во иднина треба да се зголеми директната соработката помеѓу локалната самоуправа и лицата со посебни потреби и интензивирање на соработката со повеќе здруженија и хуманитарни организации кои работат токму на надминување на секојдневните проблемите со кои се среќава оваа група на граѓани. Социоекономското етаблирање на лицата со посебни потреби во општеството, ќе продолжи да се развива и преку работата на новиот Дневен центар во Македонска Каменица, кој наскоро ќе биде ставен во функција.

Секоја  година Обединетите нации објавуваат тема која што го одбележува 03. Декември- Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Денот има за цел да промовира подобро разбирање на полето на хендикеп, со фокус на правата на лицата со посебни потреби и придобивки кои ќе призлезат од процесот на интеграција на овие лица во секој аспект на социјалниот, економскиот и културниот живот на нивните заедници. Овој ден се одбележува уште од 1992 кога Генералното Собрание на Обединетите нации го прогласи 03. Декември за Меѓународен ден на лицата со посебни потреби и се одбележува насекаде низ светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *