Градоначалникот Соња Стаменкова, потпретседателот на Република Бугарија- Илијана Јотова и поголем број европратеници беа дел од јавната дебата „Планините – непроценливо богатство на Европа“

Вчера, во општина Белица, Република Бугарија сo јавна дебата на тема „Планините – непроценливо богатство на Европа“, започна одбележувањето на „Зимен празник Белица – Семково 2018“. На јавната дебата, на која беше акцентиран развојот на туризмот во малите општини, покрај големиот број на европратеници и потпретседателот на Република Бугарија – Илијана Јотова, учествуваше и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

Градоначалникот Стаменкова, на почетокот од своето излагање ги истакна честа и задоволството да се присуствува на една ваква сесија и упати благодарност на поканата за учество во свое лично име и од името на општина Македонска Каменица до градоначалникот на општина Белица, Радослав Ревански. Додавајќи дека честа да се присуствува и дискутира на теми значајни за развојот на малите општини меѓу кои е и Македонска Каменица, заедно со потпретседателот на Република Бугарија Илијана Јотова и со дел од европратениците е огромна. Ние уште на нашата прва средба искажавме заедничка подготвеност за соработка и тоа резултираше со договор за проекти кои заеднички, во блиска инднина, ќе ги реализираме во рамки на прекуграничната соработка, а бенефит од истите ќе имаат жителите на нашите две општини – истакна Стаменкова. Со посебен акцент Стаменкова, се осврна на предизвиците пред кои се исправени градоначалниците на малите рурални општини, нагласувајќи дека вистинскиот проблем е „не како да се вратат нашите сограѓани дома, туку како да ги задржиме оние кои останаа тука“. За решавање на тој проблем, верувајте дека ни е потребно многу повеќе од морална поддршка и се надевам дека заеднички ќе успееме да изнајдеме начини и средства со кои ќе го подобриме квалитетот на живеење кај населението од нашите општини. Нека оваа наша сесија и наредните организирани на оваа тема, послужат како повик кон државните институции од нашите земји, како и повик кон Европа, да го свртат вниманието кон нас, бидејќи сите ќе имаме заедничка корист од решавањето на овој проблем. – додаде на крајот од својата дискусија Соња Стаменкова, градоначаник на Македонска Каменица.

Покрај јавната дебата на темата „Планините – неоценливо богатство на Европа“  како официјален дел, вчера во Белица на Семково, беше организирана и разновидна спортска и културно-уметничка програма, со која беше одбележан Зимниот празник „Белица – Семково – 2018“ посветен на БЛСЕС 2018. Дел од културно-уметничката програма зема и КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица, преку настап на играорна група при КУД „Вера Јоциќ„ од Македонска Каменица.

Настанот беше пренесен и емитуван на Бугарската национална телевизија (БТВ), како и на повеќе други национални медиуми во Бугарија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *