ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АТАНАСОВСКИ СО НАЈОСТРА ОСУДА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МАСОВНО ТРУЕЊЕ НА КУЧИЊА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, ДИМЧО АТАНАСОВСКИ СО НАЈОСТРА ОСУДА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МАСОВНО ТРУЕЊЕ НА КУЧИЊА

Во текот на денешниот ден, градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атансовски излезе со Соопштение за јавност во кое најостро го осудува монструозниот и грозоморен чин со масовно труење на кучиња во Македонска Каменица. Проблемот е оргомен, постои на територијата на целата држава. За решавање на истиот, на ниво на ИПА и ЗЕЛС во постојани дискусии со останатите градоначалници се барааат итни законски измени за што побрзо решавање на овој горлив проблем во државата.
Соопштението до јавност ви го пренесуваме во целост:
Почитувани сограѓани,
Општина Македонска Каменица најостро го осудува монструозниот чин на масовно труење на кучиња кој се случи во нашиот град. Веруваме дека ова е изолиран случај кој никогаш повеќе нема да се повтори и ги повикуваме надлежните институции да постапат во најкраток можен рок и да го пронајдат сторителот или сторителите и да има одговорност согласно законските прописи.
Свесни сме дека проблемот со кучињата-скитници е огромен и генерално постои на територијата на целата држава, од таа причина за тоа често се дискутира со градоначалниците од другите општини и во рамки на ИПР и во рамки на ЗЕЛС.
Потребни се итни законски измени во овој дел, со оглед на фактот дека сите заловени кучиња од ангажираните фирми по соодветно третирање пак се враќаат во нашата општина.
Неретко, во Општина Македонска Каменица завршуваат кучиња и од други македонски општини за што сведочат и изјави на поголем број сограѓани.
Сепак, во никој случај граѓаните не смеат да преземаат вакви чекори, кои се и нехумани и незаконски, а може да предизвикаат и човечки жртви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *