Грабнал 17-годишна виничанка од дома, 13 часа ја малтретирал и се обидувал да ја силува

17-годишна виничанка грабната од дома. Грабнувачот на раце ја однел во близина на Метеоролошката станица, каде 18 часа ја малтретирал и се обидел да ја силува.

Се започнало откако момчето на возраст од 21 година отишло кај девојката дома да ѝ изјави љубов. Откако таа го одбила, тој ја грабнал , ја однел далеку од сите и хоророт почнал. Од 13.00 часот до 07.00 часот наредниот ден тој  употребил солзи, молби, закани, клетви и сила да ја убеди девојката да биде негова. Волјата и решеноста не успеал да и ја скрши, па како што ја зел така ја вратил назад и ја предал на нејзиниот брат.

По ова, случајот е пријавен во полиција, а девојката е прегледана од лекар кој констатирал дека траги на силување , сепак, нема. Слујаот е предмет на полициска истрага.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *