„ГО ПЛАСТ – КАРАМАН“: Пролетта е најпогоно време за смена на вашите стари прозорци и врати

„ГО ПЛАСТ – КАРАМАН“: Пролетта е најпогоно време за смена на вашите стари прозорци и врати

Сигурно се прашувате кога е најпогодно време да ги смените вашите стари прозорци? Дефинитивно почетокот на пролетта е најдобро време за обнова на некои работи во домот кои одамна сме планирале да ги направиме.

Иако времето е променливо, веќе темпетатурите нема да бидат под нулата, што претпоставува погодно време за работа. Овој период и полесно ќе најдете добар мајстор, кој нема да брза, и побрзо да заврши оти го чека друга работа.

А бидејќи и нема во овој период голема побарувачка за прозорци, можете да добиете и подобра цена за изведба. Доколку сакате одличен квалитет на профили за прозори, и за достапна цена Ви ги препорачуваме ГО ПЛАСТ КАРАМАН – Македонска Каменица, изведбата е крајно професионална и во краток рок.

Прозорците даваат убавина и дополнителна вредност на вашиот дом, и се една од најважните карактеристики на една куќа или стан. Тие ја имаат и главната улога во заштедата на топлинската енергија, овозможувајќи комфорт и здравје. Според истражувањата загубата на топлината низ прозорците претставува повеќе од 40% од вкупните загуби на топлина од домот. Заради тоа, инвестицијата во квалитетни енергетски ефикасни прозорци е една од најисплатливите на долг рок.

Но, како може да знаете дали вашите прозорци треба да се заменат? Користете ја оваа листа за да ја утврдите состојбата со вашите прозорци. Дали се вашите прозорци со единечно стакло?
Повеќето прозорци денес се со двослоен термопан со дебелина од 16мм до 30мм, подобрите термопани се со нискоемисиони стакла, кои во голема мера помагаат во спречување на преносот на топлина од затворени простории на отворено.

Дали слушате бучава од надвор? Повеќето од денешните прозорци нудат звучна изолација преку нискоемисиони високо квалитетни стакла. Добар избор за спас од неподносливиот звук се прозорите со трослојни термопани поставени профили кои постигнуваат изолација од 34dB до 41 dB.

Дали забележувате мали пукнатини или скапување на делови од вашите прозорци? Некои мали пукнатини или знаци на скапување можат брзо да се рашират, и да ги оштетат позначително прозорите. Ако повеќе од 10% од дрвото е оштетенo, вашата најдобра опција е да го замените во целост.

Дали во потоплите временски услови, внатрешноста на прозорот е топла на допир? Вашите прозорци треба да бидат способни да ги издржат високите летни температури, да овозможат термо изолација, и да ја контролираат количината на топлина која влегува во домот.

На ладно време, внатрешноста на стаклото е ладно на допир? Екстремно ладни внатрешни стакла, значат дека премногу ладен воздух влегува во просторот помеѓу стаклата. Ако стаклото остане ладно, дури и кога ќе го допрете со вашата топла рака, тоа значи дека не ја врши својата изолациона функција и треба да се смени.

Вашите прозорци не се отвораат и затвораат правилно? Кога некои компоненти од прозорците предизвикуваат тие да не се отвораат и затвораат целосно, или така лесно како порано, значи дека е настанато оштетување и потребна е променаили стручно штелување. Стручни лица треба да ги проверат прозорите, и да дадат совет.

Дали вашиот прозорец одговара на остатокот од дизајнот и декорот на вашиот дом?Вашиот вкус може да се промени, или пак можеби сте наследиле прозорци од претходните сопственици, кои сега не се уклопуваат со вашите желби.

Прозорците не штитат од сончевите зраци? Заштитата од сонцето на една просторија може да се постигне со надворешни ролетни, надворешни капаци, внатрешни ролетни но исто така и со термопани со високоенергетско покритие.

Доколку повеќето ваши одговори се со “да” тоа значи дека треба да ги замените. Во спротивно ќе плаќате повисоки сметки, и го немате потребниот комфорт.

Прозорците не се менуваат често, a рокот на траење во просек е 30 години. Токму затоа треба да бидете добро информирани за сите елементи на ПВЦ прозорците, како и за компанијата од која ги набавувате. А кога ќе се решите, препорачливо е да ги смените сите прозорци во исто време.

ГО ПЛАСТ КАРАМАН е совршен избор за оние кои бараат највисоки топлински перформанси и одличен дизајн, а по разумни цени. Добар избор на прозорци може да најдете во компанија, каде покрај стандардните бели ПВЦ прозори, имаат и ПВЦ прозори со карамел боја и темно кафена боја. Монтажата ја изведуваат стручни лица, кои внимаваат прозорите да се постават и нивелираат правилно.

(Промотивен текст)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *