Голем бој ученици од ООУ “Кирил и Методиј” од Македонска Каменица се пласираа на државен натпревар по предметот Природни науки

На 8-ми Април во Берово се одржаа регионалните натпревари по предметите Природни науки и Биологија за учениците од основните училишта. Учениците од ООУ “Кирил и Методиј” од Македонска Каменица под менторство на наставничките Габриела Стоименовска и Виолета Накова годинава постигнаа одлични резултати. Пласманот на повеќе ученици на државен натпревар само ја потврди огромната посветеност на наставничкиот тим и силната желба на талентираните ученици за знаење и успех.

Андреј Ристовски е ученик во IV одд. кој под менторство на Габриела Стоименовска со 93 поени го освои првото место на натпреварот по Природни науки, додека пак второ место е Андреј Атанасовски со 85 поени, исто така ученик во IV одделение при ООУ “Кирил и Методиј” од Македонска Каменица.

На државниот натпревар по предметот Природни науки ќе учествуваат и Магдалена Ѓорѓиевска, Ања Спасевска и Алберто Ивановски сите ученици во петто одделение при ООУ “Кирил и Методиј” во Македонска Каменица. Тие за општинскиот и регионалниот натпревар беа подготвувани од нивниот наставник-ментор Виолета Накова и сите имаа доволен број поени за да учествуваат и на државен натпервар сите како второ пласирани ученици.

Останатите ученици што учествуваа на натпреварот исто така имаа солиден број на поени со кои освоија неколку трети места и пофалници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *