Голема рација и апсења на “илегалци“ во Германија

Германското обвинителство соопшти дека осомничените формирале сложена мрежа на компании употребувајќи лажни документи како би избегнале плаќање на придонеси и даноци.
Полицијата и цариниците во текот на вчерашниот ден упаднаа во 140 објекти во западниот дел на Германија и притворија осум лица кои се сомничат за организирање на илегално вработување на градежни работници.
Обвинителството соопшти дека осомничените најверојатно формирале сложена мрежа од компании преку употребување на лажни сметки за да се избегне плаќање на социјални придонеси и даноци, пренесува Ројтерс.
Според зборовите на Армин Ролфинк – претстедател на германската царинска управа прометот што се направил со илегалните вработувања надминува 48 милиони евра износ на кој треба да се додадат и неплатените даноци и социјални придонеси во вредност од околу 38 милиони евра.
Казната за осомничените доколку се утврди дека се виновни може да достигне до 10 години затвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *