Голема победа за ФК САСА во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 09.03.2019 година – Пред преполни трибини на градскиот стадион во Македонска Каменица, екипата на Саса успеа да слави со 1:0 против фаворизираниот ФК Кит Го од Пехчево.

Домаќините дојдоа до посакуваното водство уште во 12 минута од натпреварот со голот на левиот бек, Христијан Додевски. Играта течеше со рамномерна игра на двете страни од теренот. Шанси имаа и домаќините и гостите. За напоменување е шансата на повратникот во редовите на Саса, Ангел Атанасовски кој во 70 минута, се најде “еден на еден” со гостинскиот голман, но не успеа да ја реализира создадената шанса. Последните 20 минути, буквално се играа на половината на САСА, но фаворитот на натпреварот, кој дојде да се надигрува со последнопласираната екипа на табелата, не успеа да реализира ниту една шанса и замина поразен од градскиот стадион во Македонска Каменица.

Ова се значајни бодови за САСА која ја продолжува борбата за опстанок. Со ваква игра и поддршка од публиката веруваме дека шансите за второлигашки фудбал во Каменица е реалност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *