Глутница од волци нападнаа крупен добиток во винички Црн Камен

dobitok

Во атарот, познат како Калиманско кај селото Црн Камен, десеткувани се повеќе стада. Овдешните сточари се во паника. Велат, вакво нешто досега се нема случено, бидејќи волците никогаш не напаѓале крупен добиток. Особено овие денови кога, нападите зачестиле, објави Канал 5.

-Моите крави ги напаѓаат речиси секој ден однесувајќи најмалку по едно грло. Досега волците ми изедоа 16 расни високо млечни крави. Сега, во овој период од три до четири дена, останав покус за шест грла. Тоа се крупни квалитетни крави. И, сега не знам што да правам. Решение во моментов немам, се пожали  Мире Арсов, сточар од село Црн Камен, виничко.

Сточарите се надеваат на надлежните дека ќе им ја санираат штетата. Сами засега не превземаат ништо, освен ноќни дежурства на фармите, како своевидна одбрана од глутницата, која деновиве е за нив е страв и трепет.

-Што да направиме, освен да дежураме со стапови, а кои имаат оружје и со тоа да ја чуваме стоката од волчјата глутница. Постојано ги повикуваме надлежните за помош дополни Страшко Митев, сточар.

Во виничкото ловно друштво Бел Камен, забрзано се подготвува план како да им се помогне на испаничените сточари. Најавени се неколку крупни хајки, меѓу кои и изгонување на глутницата од реонот на помеѓу Виница и акумулацијата Калиманци.

-Во наредниот период, поточно на 23 овој месец точно на теренот кај селото Црн Камен ќе организираме голема хајка против оваа глутница волци. По хајката, планираме да направиме таканаречена подвижна чека, тоа се еден вид на замки за фаќање на волци и ќе ја поставиме на овој терен, но и на делот познат како Калимарско сое, најави Лазар Коцев – претседател на ЛД Бел Камен – Виница.

За помалку од половина година, ова е втор голем напад на волци во виничко. Претходно во близина на селото Пресека, на падините на осоговијата, повеќе сточари останаа со десеткувани стада крави и говеда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *