Според најновиот годишен индекс на мир, Македонија е на 102 место од вкупно 163 земји во светот. Минатата година нашата земја беше на 94 место, а за 2017 година бележи пад од седум места и се наоѓа по Узбекистан и пред Белорусија.
Најмирољубива земја е Исланд, а по неа следуваат Нов Зеланд, Португалија, Австрија, Данска, Чешка, Словенија, Канада, Швајцарија и Ирска.
Според резултатите од годишната анализа на Институтот за економија и мир, нивото на мирот во светот е пораснато за 0,28 проценти. Од друга страна, најмалку безбедни земји се Сирија, Авганистан, Ирак, Јужен Судан, Јемен, Сомалија, Либија, Судан, Централно Африканска Република и Украина.